СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 53.4 %

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 10 005 илјади во четвртото тримесечје од 2020 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 51.9 %.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 53.4 %, во приградскиот превоз за 48.5 %, во меѓуградскиот превоз за 54.8 %, а во меѓународниот превоз за 78.6 %.

Во четвртото тримесечје од 2020 година, во однос на истиот период од 2019 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 75.0 %.

Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 86.9 %, во приградскиот превоз за 78.6 %, во меѓуградскиот превоз за 65.6 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 70.0 %.

Поврзани вести

Влада: Фискалната политика имаше значително влијание кон ублажување на негативните последици на пандемијата врз доходот и потрошувачката

Влатко Зорба

Ангеловска: Новите мерки ќе го поддржат македонското производство

ДУП-от за Треска заведен во Катастар, ќе се градат трговски објекти, бунгалови и хотели

Влатко Зорба