СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Деноминација: Бришат четири нули и го менуваат името на националната валута

Иранскиот парламент денеска донесе закон според кој четири нули ќе бидат избришани од националната валута на ријалот, јавуваат иранските државни медиуми.

Деноминацијата доаѓа по нагло опаѓање на вредноста на иранската валута, за што влијаеше и обновувањето на санкциите на САД врз Техеран, пренесе Ројтерс.

Иранската национална валута ќе биде преименувана од ријал во томан, чијашто номинална вредност е поранешни 10.000 ријали.

„Пратениците донесоа закон за отстранување на четири нули од националната валута“, објави иранската новинска агенција ИСНА.

Иранската државна телевизија соопшти дека ќе бидат потребни две години за Централната банка на Иран „да го примени разменувањето на валутата“.

Идејата за отстранување на четири нули е во оптек од 2008 година, а е оживеена уште од 2018 година, кога американскиот претседател Доналд Трамп одлучи дека САД треба да се повлечат од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма постигнат три години порано и повторно да воведат санкции за Техеран.

Последователно, ријалот изгуби повеќе од 60 проценти од својата вредност.

Иранската валута се тргуваше на „црниот пазар“ денес на околу 156,000 риjали за еден долар, покажуваат податоците на веб-страниците кои го следат тргувањето со девизи.

Поврзани вести

РЕК Битола ќе престане да произведува струја од јаглен во 2040 година

Влатко Зорба

Денеска во Europe House е финалето на Креатон

Субјектите што нема да влезат во Регистарот на вистински сопственици ќе се соочат со проблеми со финансиското работење

Влатко Зорба