СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

БДП со пад од 12,7 отсто во второто тримесечје

Стапката на раст на бруто домашниот производ, за второто тримесечје, е -12,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намали за 32%, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 30,2%.

Во второто тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство од 4,5%; Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување; Образование; Дејности на здравствена и социјална заштита од 2,2% и Информации и комуникации од 0,9%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2020 година номинално опаѓа за 9,9%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 70,6%.

Поврзани вести

Светски ден на наставниците: Каде во светот се тие најплатени?

Stefanija Kuzmanovska

Економската криза создадена од пандемијата на Ковид 19 би можела на глобално ниво да остави 25 милиони луѓе без работа

Заев: Создаваме амбиент С. Македонија да биде старт-ап хаб на Балканот