СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Добија милијарди евра помош, а сега не знааат како да ги потрошат

По обезбедувањето на средства од европските фондови за закрепнување од коронакризата, Шпанија се соочува со неверојатен проблем. Тие не знаат како да ги искористат сите тие пари, изјавија владини извори за Ројтерс.

“Ова не е криза на пари, туку криза на идеи. Во земја којашто не успеа да донесе буџет за цела година од 2016 година, поради продолжена политичка парализа, потребата за ненадејно повлекување дополнителни пари е предизвик“, велат изворите.

Шпанија беше силно погодена од пандемија. Повеќе од 640.000 луѓе се разболеле од Ковид-19, а повеќе од 30.000 луѓе починале. Економијата падна за 18,5% во вториот квартал.

За да закрепне, на Шпанија бесповратно ѝ се доделени околу 140 милијарди евра од пакетот на Европската унија за заздравување. Тоа вклучува 43 милијарди евра бесповратни средства само во наредните две години.

“Да се потрошат тие пари не е лесно“, изјави владин извор.

Четири лица кои се упатени во управување со фондовите рекоа дека постои загриженост и нервоза околу тоа како да се постави систем за преземање на толку многу ликвидност.

Европската комисија им препорача на европските влади парите од пакетот за закрепнување да ги трошат на зелена енергија, сообраќај и инвестиции во дигитализација.

Поврзани вести

Фајнанс Тинк: Поради ковид-кризата 25 000 луѓе во земјава ќе западнат во сиромаштија

Берта Китинска

Економско-социјалниот совет: Социјалниот дијалог помеѓу сите чинители е од особено значење и во интерес на граѓаните

Александар Петровски

АСОМ: Уредбата за онлајн обложување треба да се преточи во трајно законско решение

Берта Китинска