СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАТЕХНОЛОГИЈА

Забрана за бензинци и дизел возила од 2030 година во Британија

Владата на Велика Британија е решена да го забрза и интензивира воведувањето на електрични возила на британските патишта. За таа цел, таа е подготвена да ја промени првичната одлука за конечна забрана за продажба на автомобили со мотори на фосилни горива и да ја намали претходно поставената граница од 2040 на 2030 година.

Премиерот Борис Џонсон се очекува да биде тој што ќе ја забрза транзицијата кон електрични возила, со изјава што се очекува да биде издадена оваа есен. Целта на започнувањето на спроведувањето на ваквата одлука е да се започне со спроведување на нова политика заснована на чиста енергија и „зелен“ економски развој, веднаш по завршувањето на последиците од корона кризата, пишува „Гардијан“.

Британската влада претходно ги објави плановите за поместување на роковите за забрана за продажба на автомобили со фосилни горива од 2040 до 2035 година, за да започне да „влече“ многу поамбициозни планови засновани на стручни тврдења дека Велика Британија ќе има подготвена инфраструктура за префрлување на електрични возила.

Забраната за автомобили со бензински и дизел мотори до 2030 година ќе ја стави Велика Британија на второто место на списокот на европски земји кои донеле или ќе донесат таква одлука. Истата година, идентична одлука се планира да ја спроведат Германија, Ирска и Холандија. Франција планира забрана за 2040 година, додека „најбрза“ е Норвешка, во која „класичните“ автомобили ќе исчезнат од изложбениот салон веќе во 2025 година.

Поврзани вести

Шапуриќ: Tутунoт ќе се откупи до 29 февруари

Берта Китинска

Андреева: Потребно е системско поместување на роковите за финансиски извештаи по примерот на европските земји

Влатко Зорба

Фејсбук ги забранува „deepfake“ видеата

msp-admin