14.8 C
Скопје
21 септември, 2026
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Долгорочна суспензија од котација на издавачот Идевелоп АД Скопје

Согласно Одлуката на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје на друштвото Идевелоп АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на Берзата на подсегментот Задолжителна котација, му е изречена мерка долгорочната суспензија од котација, поради континуирано неисполнување на обврските согласно Правилата за котација. Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена почнувајќи од 26.01.2021 година и трае до отстранување на причините поради кои е изречена оваа мерка.

За времетраењето на долгорочната суспензија од котација издавачот Идевелоп АД Скопје не го губи статусот на котирано друштво, но е должен во односите со трети лица и во јавноста да истакнува дека е долгорочно суспендиран од котација на Берзата. Воедно, за времетраење на мерката долгорочна суспензија, Идевелоп АД Скопје нема постојани обврски за известување согласно Глава VI од Правилата за котација.

За времетраење на мерката долгорочна суспензија, хартиите од вредност издадени од Идевелоп АД Скопје се тргуваат на Редовниот пазар на Берзата, на подсегментот Слободен пазар, при што за издавачот важат законските обврски за известување за тој подсегмент.

Со донесената Одлука за долгорочно суспендирање од котација се укинува Одлуката од 09.11.2020 година за внесување на Идевелоп АД Скопје на Листата на набљудување и врз основа на тоа издавачот се брише од Листата на набљудување, соопштија од Берзата.

Поврзани вести

Германија: Маск мора да престане со изградбата на фабрика, ги загрозува змиите

Никола Поповски

ИЦС-СИСТЕМИ доби тендер од речиси 630 илјади евра за осветлување на Валандово

Влатко Зорба

Угостителите бараат бескаматни кредити за да ги обештетат работниците

Берта Китинска