СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Економска катастрофа: Повеќе од 6,6 милиони луѓе во САД ги загубија своите работни места минатата недела!

Повеќе од 6,65 милиони луѓе во Америка поднесоа барање за помош за невработени поради добивање отказ минатата недела. Најновите официјални податоци упатуваат на уништувачко влијание на коронавирусот врз американската економија.

Во извештаите се наведуваат описи на долги редици до канцелариите за невработени и постојано зафатени телефонски линии до граѓаните кои бараат информации за добивање на надомест поради невработеноста. Исто така, се пријавуваат дефекти на видео повици.

Денеска беше објавено дека рекорден број луѓе се појавиче во четвртокот барајќи бенефиции откако ги загубија работните места на 27 март.

Околу 3,28 милиони од нив изјавиле дека се невработени во текот на една недела пред ова, со што вкупната побарувачка за бенефиции достигна 9,93 милиони во текот на двете недели.

Поврзани вести

Алкалоид успешно влезе во SAP HANA системот

Продолжува редовното пријавување на невработените во Агенцијата за вработување

Александар Петровски

Банките носат одлуки за кредтините олеснувања согласно владината Уредба

msp-admin