СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Економскиот тим на СДСМ на средба со германските стопанственици во земјава

Лидерот на СДСМ Зоран Заев заедно со економскиот тим на партијата денеска ги претставија нивните идни економски политики пред германските стопанственици во земјава со кои, како што рече Заев, очекуваат да останат на власт и по предвремените парламентари избори на 12 април.

– Во фазата на изготвувањето на програмата на СДСМ, тука сме за да поразговараме за сите актуелни моменти и за сите очекувања на германските стопанственици во земјава за да имаме што да научиме и да вградиме во она што претставува делокруг на работење на греманските компании во државава со конечна цел да останат мотивирани, да продолжат со своите инвестиции, а секако и да привлечеме нови, изјави Заев пред почетокот на панел дискусија на тема „Шанси, очекувања и предизвици за стопанството во 2020“, организирана од Делегацијата на германското стопанство во земјава.

Тој нагласи дека и досега имале одлична соработката со Делегацијата на германското стопанство во земјава и посочи дека од нив „многу научивме и многу помогнаа во делот на легислативата, флексибилноста на државата и во вградувањето на се повеќе европски теркови на управување со економијата“.

– Најголем дел од модерните трендови на стручното и дуалното образование се токму од германските компании со цел навремено да обезбедиме квалификувана работна сила која очигледно ќе биде еден од најголемите предизвици на македонското стопанство, рече Заев.

Патрик Мартенс од Делегацијата на германското стопанство во земјава посочи дека целта на денешната средба со СДСМ е размена на мислења меѓу стопанството и политичарите, како и да се претстават кандидатите за следните избори пред стопанството. Тој порача дека се отворени и за организирање на иста ваква средба и со, како што рече, другата партија која сака да ја преземе власта.

– Наша цел и наш интерес е да говориме за стопанството и за желбите и очекувањата на компаниите за да видиме каде може да се подобриме во стопанството и како може да се подобри целокупната состојба во земјата. Ние на секои четири месеци одржувавме тракалезни маси со Владата на кои не присуствуваа медиумите. Денеска решивме оваа средба да ја направиме поразлична, но при тоа повторно да видиме кои се предизвиците што ги очекуваат компаниите во 2020 година и што тие ќе донесат, рече Мартенс.

 

Тој посочи дека со евентуалниот почетокот на пристапните преговори со Унијата ќе се промени интересот на германските инвеститори за областите на инвестирање во земјава.

– Инвеститорите ќе имаат друг фокус и ќе сакаат да инвестираат и во други стопански сфери во земјата. Едноставно, ќе гледаат зголемен пазар и подобар начин да се хармонизираат законите со европските. Компаниите сакаат да имаат сигурност во планирањето и правна сигурност затоа многу е битно законските одредби да се прилагодат на оние во ЕУ за да може полесно да се работи, рече Мартенс.

Германија е нашиот најголем трговски партнер во светот со кој вкупната трговска размена изнесува 47 отсто. Размената меѓу двете земје е над четири милијарди евра од кои, како што рече Заев, повеќе од три милијарди евра се извоз во Германија, а една милијарда евра увоз.

Поврзани вести

Државниот долг во 2019 година намален за 0,4 процентни поени

Влатко Зорба

Македонската глобална недела на претприемништво со успешни приказни на стартап екосистемот

Берта Китинска

Алкалоид успешно влезе во SAP HANA системот