СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Ербас“ со загуби од 481 милиони евра во првото тримесечје

„Ербас“, европски производител на авиони, објави денеска нето загуба од  481 милиони евра и нагласи дека многу брзо се идентификувале последиците од епидемијата на коронавирус на својата сметка.

Една година порано, Групацијата имаше нето добивка од 40 милиони евра.

Приходот на „Ербас“ за првите три месеци од 2020 година се намали за 15,2 отсто  на 10,6 милијарди евра, како одраз на тешкото опкружување што влијае на пазарот на цивилното воздухопловство, се вели во соопштението на „Ербас“.

За време на тој периодот поради пандемијата, европскиот производител на авиони испорача 40 машини помалку отколку пред една година.

Поврзани вести

Директорот на „Пејпер Мил“: Нејасно е зошто нé принудуваат целиот процес на производство да го префрлиме на метан

Влатко Зорба

За шест месеци на стопанството му се вратени 206 милиони евра ДДВ

Катар заинтересиран за инвестиции во Македонија

Влатко Зорба