СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Еуроникел Индустри и Синдикалната Организација во компанијата потпишаа Колективен Договор

Еуроникел Индустри потпиша Колективен Договор со Синдикалната организација од компанијата со кој се дефинирани дополнителни права и бенефиции за приближно 1.000 вработени. Договорот опфаќа подобрување на условите за работа, унапредување на работната средина, зголемување на безбедноста при работа, пораст на платата на вработените и бројни други бенефиции за вработените.

За Еуроникел Индустри потпишаниот договор е дополнителен чекор во вреднувањето на вработените како најголем капитал и најважна инвестиција на компанијата.

„Еуроникел Индустри е компанија која успешно работи благодарение на својот највреден капитал, вработените. Тие се нашата најважна инвестиција и затоа целиме да креираме професионален и компетентен персонал, кој е соодветно вреднуван, а со тоа и мотивиран да го даде најдоброто од себе во раст и развој на компанијата. Она што ние како менаџмент можеме да им ветиме на вработените е долгорочна иднина, стабилност, напредни услови за работа, а со тоа придонес кон поквалитетен живот”, рече Герасим Кујунџиев директор на Еуроникел Индустри.

Компанијата во изминатите 3 години направи големи инвестиции кои директно ги подобруваат условите за работа.

„Инвестирањето во вработените, во работната средина во Еуроникел Индустри, како и во самата фабрика се одвиваат во континуитет. Вкупните инвестиции во изминатите 3 години надминуваат 130 милиони евра, а само последните неколку месеци оваа година имаме реализација на инвестиции во опрема која надминува 2,5 милиони евра. Сите овие вложувања имаат за цел да ја подобрат ефикасноста и нормативите на производниот процес, а со тоа да се зголеми и конкурентноста на компанијата на меѓународно ниво, што е од исклучителна важност за долгорочноста на компанијата”, истакна Андреас Цагарис од Еуроникел Индустри.

Претседателот на Синдикатот Миле Ѓорѓиев го истакна задоволството од досегашната комуникација и соработка: „Потпишувањето на овој Колективен Договор е резултат на нашата континуирана комуникација со менаџментот на компанијата и на заедничките заложби за подобрување на работничките права. Досега веќе постигнавме многу, оваа година веќе е реализирано покачување на платата, а продолжуваме со секојдневна комуникација за понатамошно подобрување на секој аспект од работата што се одразува врз работниците и нивната добросостојба и задоволство од работната средина.”

Со свој став излезе и претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов кој го поздрави потпишувањето на Колективниот Договор во Еуроникел Индустри и упати порака до сите членови на СИЕР, но и до другите компании кои немаат синдикално здружување, дека уредувањето и унапредувањето на правата на работниците е клучен фактор за постигнување на зацртаните цели на секоја компанија, бидејќи токму работниците се тие што ја креираат најголемата вредност на секоја компанија.

Потпишувањето на Колективниот Договор и сите овие дополнувања на правата на вработените во Еуроникел Индустри се договорени во месец мај во знак на чествување на празникот на трудот и почит кон работничките заложби. Во Еуроникел Индустри моментално работат приближно 1000 вработени.

Поврзани вести

Каква технологија стои зад процесот замрзната храна?

Влатко Зорба

КАРГОМАКС доби тендер од над 3,2 милиони евра за набавка возила за ЈП Комунална хигиена Скопје

Влатко Зорба

Коронавирусот ги направи повидливи проблемите со финансиите на македонските општини

Влатко Зорба