СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Започна со работа „Урма“, првата концептуална онлајн продавница во Македонија

Месецов започна со работа „Урма”, првата концептуална онлајн продавница во Македонија.

Концептуалните продавници го соединуваат пазарењето со културата на живеење, пружајќи им несекојдневно и стилско купувачко искуство на потрошувачите. Ваквите продавници вообичаено нудат дизајнерски производи со висок квалитет, како и внимателно одбрани производи од етаблирани брендови, креирајќи селекција која има и културни придобивки за купувачите.

Следејќи го овој модел, онлајн продавницата „Урма” нуди уникатен асортиман и има за цел да ја поддржи работата на локалните креативци кои изработуваат производи од областа на модата, убавината, дизајнот и животниот стил. „Преплет”, „Цветна Фабрика”, „Паис Керамика”, „Пура Перла”, „Мапси”, „Капка”, „Игнис Криејтив”, „Ксенија Котев” и „Намика” се само дел од локалните брендови што можат да се купат на „Урма”. Од продавницата најавуваат дека овој асортиман постојано ќе се проширува.

Покрај локалните брендови, на „Урма” се достапни и одбрани производи од домашни и странски брендови со воспоставен квалитет и корисна намена. Продавницата има и сопствен, истоимен бренд кој иницијално нуди трендовски фрижидерчиња за козметика, кутии за плочи и бамбусови чинии за деца, а ќе биде дополнет и со други производи понатаму.

Посебен акцент во е-продавницата е ставен на дизајнерски продукти за мајки, деца и бебиња, групирани во засебната секција „Мајки и деца”.

„Урма” е предводена од сестрите Александра и Анастасија Белчеви кои велат дека ја основале продавницата водени според интуицијата и инспирирани од меѓусебните разговори за тоа што користат, гледаат, носат, подаруваат, на што се восхитуваат, што ги забавува и што им помага.

„Искрено посакуваме да создадеме модерен бренд за животен стил со кој ќе се дружат оние кои ќе ја препознаат нашата идеја и ќе се пронајдат во целиот овој концепт”, велат основачките.

Поврзани вести

Пауновски: Сè додека не се донесат нови протоколи терасите на кафеаните ќе работат

Берта Китинска

Лозарите за предадено грозје во „Повардарие“ и „Стефани“ ќе добијат пари по Нова година

Влатко Зорба

На полноќ истекува рокот во кој компаниите може да поднесат барање за помош за исплата на платите