СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Објавени условите и дејностите кои може да бараат бескаматни кредити од Развојната банка

Фирмите од најпогодените сектори може да почнат со аплицирање за бескаматните кредити на Развојната банка. Кредитите се поделени на три критериуми, до 5.000 евра за фирмите до 10 вработени, до 15.000 евра за фирмите до 50 вработени и до 30.000 евра за фирмите до 250 вработени, а ќе ги опфатат секторите угостителство, туризам и товарен транспорт, пишува Локално.

Фирмите кои ќе аплицираат треба да достават тековна состојба, завршна сметка за фискалната 2019 година, потврда од УЈП за платени даноци и придонеси, потврда дека не се води стечај или ликвидациона постапка и ЗП образец од Централниот регистар, а истите треба да се поднесат на мејлот kreditiranjecovid1@mbdp.com.mk.

Директорот на Развојната банка, Кире Наумов вели дека како во целиот свет и кај нас се договараат критериумите и за останатите сектори кои претрпеле штети од коронавирусот, а ги нема во првите одбрани.

„Целта е најпогодените сектори, угостителство, туризам и товарниот транспорт, да ги надминат ликвидносните проблеми во овој почетен период. Каматна стапка е 0 отсто, а рокот за отплата е 24 месеци, со грејс период од 6 месеци. Ова е иницијална, прва мерка. Ова се најбрзите средства кои се ликвидни во Развојната банка и ќе има уште такви средства. Тука ги опфаќаме секторите за кои се случи првиот удар“, вели Наумов.

Јавниот повик и критериумите за фирмите се објавени на страната на Развојната банка, каде освен тоа, се објавени и секторите кои може да аплицираат за овие кредити по шифра на дејност.

Извор: Локално.мк

 

 

Поврзани вести

Интензивно се работи на автопатот Кичево – Охрид со над 360 машини и преку 720 работници

Влатко Зорба

Бабовски на 46-тата конференција на директорите на Платежните Агенции во ЕУ

Влатко Зорба

Бектеши:  За ДУИ намалувањето на платата за функционерите е прифатливо