СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Газдата заработил 1,6 милиони долари на берза, ги поделил на своите вработени (ВИДЕО)

Основачот и извршен директор на компанијата за недвижности „Конор груп“, Лери Конор – заработи 1,6 милиони долари (близу 1,5 милиони евра) на берзата за само осум дена, а одлучи да ја подели целата сума со своите вработени.

Фирмата е со седиште во Охајо и вработува околу 400 луѓе кои продолжија да работат за време на пандемијата, па Конор само накратко им рече: „Ова не е подарок. Вие го заслужувате тоа“.

Тој продолжи: „Овие се тешки времиња за секого, а вие херојски одговоривте на пандемијата. Почнав да размислувам за основните вредности на нашата компанија и си реков себеси: Направи ја вистинската работа, погрижи се за своите луѓе. Сите 1,6 милиони долари ќе ги поделам со вас“.

Вработените ќе ја добијат оваа сума во форма на бонуси, од 2.000 до 9.000 американски долари, во зависност од нивната позиција. Потсетуваме дека во САД повеќе од 30 милиони луѓе се пријавиле за бенефиции за невработеност, па затоа на овие потези навистина вреди да се обрне внимание.
Сè на сè, вработените во Конор не можеа да веруваат што ги снашло, погледнете во видеото нивниот ентузијазам. За многумина, оваа помош е добредојдена и затоа што нивните партнери ги загубија своите работни места како резултат на кризата, а оние што го познаваат Конор малку подобро велат дека гестот личи на него.

Поврзани вести

Побаравме да бидат отворени угостителските објекти, но мораме да ги почитуваме сите препораки, вели Бектеши

Голем број компании се интересираат за учество на проектот за изградба на првите две фази од пругата кон Бугарија

Влатко Зорба

МТВ, ЈСП и Водовод со најголема загуба, МЕПСО и Државни патишта со најголеми приходи

Влатко Зорба