СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Имаме стандарди за маркетинг на пазарот за овошје, но недостасува спроведување на истите

 Имаме добро воспоставени стандарди за маркетинг на пазарот на овошје, но недостасува нивно спроведување, истакна Димитрие Николов, тим лидер на проектот „Воведување и спроведување на мерките за заедничко уредување на пазарите“.

Проектот, кој е  финансиран од Инструментот за претпростапна помош на ЕУ 2015 со буџет од 669 илјади евра, е во времетраење од 20 месеци и треба да биде завршен на почетокот на август наредната година.

Николов информира дека проектот е составен од две главни компоненти. Првата компонента се фокусира на подршката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за воспоставување политики и регулативи за управување со клучните пазари на добра во согласност со барањата на ЕУ, додека втората, има за цел да ги зголеми знаењата за маркетинг стандардите и за пазарите за овошје и зеленчук во согласност со европските барања.

– Со овошјето ние имаме добро воспоставени стандарди за маркетинг, меѓутоа недостасува спроведување на овие стандарди. Кога станува збор за склучување договори, тие се склучуваат со пократок период, односно за помалку од една година. За пазарната економија многу е значајно да се споделуваат информации. Исто така, забележавме дека постојат односи меѓу сите чинители во вредносниот синџир и вертикално и хоризонтално, но тие односни се несигурни, а за овие несигурни односи потребно е да се формираат меѓусекторски организации. Другата анализа е направена за житарките. Земјоделците имаат недоволно познавање на стандардите. Што се однесува до договорите, немаат еден јасен образец за формални договори и се склучуваат договори за пократок период. Недостасуваат информации за стандардите за маркетинг. За вредносниот синџир ситуацијата е иста и има несигурни односи и врски меѓу сите чинители во вредносниот синџир, рече Николов.

Програмски менаџер и претставник на Делегацијата на ЕУ во нашата земја Константинос Супилас рече дека значајно е да се спомне дека регулативата за заедничко организирање на пазарите поставува регулативи за референтни цени, но исто во практиката овој проект им дава поддршка на земјоделците и секторите за создавање поконкурентен земјоделски сектор.

– ЕУ ја фокусира поддршката во согласност со целата стратегија за да се поддржи земјата по тестирањето на клучните структурални пречки што го спречуваат овој сектор да расте. Овој сектор треба да се модернизира и да се спречи миграцијата од руралните средини, мерки за иригација за соработка меѓу земјоделците, изјави Супилас.

Трајан Димковски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство изјави дека основна цел на овој проект е да се зголемат пазарните можности и да се обезбедат економски развој и севкупна продуктивност во земјоделскиот сектор со унапредување на конкурентноста во земјоделскиот сектор согласно барањата за пристапување во Европската унија.

Тој наведе дека исто така овој проект има и стратешко значење за зајакнување на позицијата и сите учесници во синџирот на додадена вредност, промоција на договорни вертикални и хоризонтални интеграции меѓу засегнатитет страни со цел да се подржи транспарентноста, страбилноста, правичноста на пазарите во интерес на зголемување на конкурентноста на сите учесници поединечно и во синџирот во целина.

– Исто така, проектот ќе им помогне на институциите и на приватниот сектор во уредување на бараниот сет на национални пазарни стандарди за овошје и зеленчук на внатрешните и извозните пазари на ЕУ. Овој сет на активности ќе се спроведе главно преку граење на капацитети на сите засегнати страни, како и изготвување на предлог мерки и активности со препораки за нивна имплементација. Главните очекувања од овој проект е да му се помогне на МЗШВ како креатор на политиките, да го заштити пазарот на земјоделски производи од нарушувања предизвикани од нелојалната конкурентност со која секојдневно се соочуваат земјоделските производители, рече Димковски.

Поврзани вести

Објавена листата на обуки за ИТ-вештини и нивни даватели, може да аплицираат млади до 29 години

РЕК Битола склучи договор за набавка на 36 машини и камиони за ископ на јаглен

Влатко Зорба

Стопанската комора на Македонија бара целосно укинување на Законот за трговија на зелените пазари

msp-admin