Владата на италијанскиот премиер Џузепе Конте свика претставници на различни фактори на реалната економија, институции, работодавци, синдикати, економисти, политичари, со цел да разговараат во десетдневни состаноци за можноста Италија да ги прескокне ефектите од драматичната криза и да се започне со нов циклус на развој и тоа помпезно го нарече „општи класи на економијата“, пренесува „Новости“.
Крајниот резултат треба да биде Проект за економско обновување на Италија. Овој Проект треба да ѝ овозможи на Италија подготвено да го дочека моментот кога ќе пристигне најавениот „Европски фонд за обновување на економијата“, наменет за борба со кризата предизвикана од коронавирусот, а кој треба да го гарантира билансот на земјите за долг период (2021 – 2027).
„Да проектираме лансирање“, под овој слоган премиерот потенцира во девет поглавја подобрување на земјата: дигитализација на земјата и воведување на мрежата „5G“ и намалување на употребата на пари во готовина, масовни инвестиции во инфраструктурни мрежи како железници на 13 правци така и интервенции на 39 патни правци, индустриски план со широк спектар со технолошки иновации, „декарбонизација“, односно намалување на употребата на бензин и воведување метански автобуси, широк спектар на развој на „зелената“ економија, зајакнување на националниот систем на докторска реформа во истражувањето и интеграција на Универзитетот во медитеранската област.
Едно од деветте поглавја е и помош на здравството, поддршка на наталитет, родителите и семејствата, помош за туризмот, уметнички и културни богатства на земјата, земјоделството, национален план за производство на челик, помош на земјоделско производство, модернизација на судството, модернизација на јавната администрација.
Кога ќе завршат сите состаноци, ќе се создаде План кој ќе биде претставен во Парламентот, претставниците на централно-десничарските партии не сакаа да учествуваат на тие состаноци затоа што сметаат дека тоа е само еден подиум за шетање и дека во Парламентот се носат предлози и решенија, каде ќе учествуваат и ќе пресудуваат на одлуките што ќе ги донесе „општата класа на економијата“.