СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Македонија е 65-та земја во светот по увоз на портокали

Македонија е 65-та земја во светот по увоз на портокали, којшто минатата година достигна ниво од 4.813.000 долари или 16,6% помалку во однос на 2018 година.

Во светот минатата година увозот на портокали имаше вредност од 5,13 милијарди долари или 14,9% помалку во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем увозник на ова овошје во светски рамки е Холандија со 451 милион долари. Во петте најголеми увозници на портокали лани влегоа и: Франција (403,8 милиони долари), Кина (399 милиони долари), Германија (376,7 милиони долари) и Хонгконг (344,8 милиони долари).

Од земјите во регионот, најголем увоз на портокали лани имаше Србија – 23,9 милиони долари. Потоа следуваат: Словенија (20,4 милиони долари), Хрватска (18,8 милиони долари), Бугарија (9,4 милиони долари) и Босна и Херцеговина (8,4 милиони долари).

Поврзани вести

Во што инвестираат миленијалците?

msp-admin

Згаснува 20th Century Fox

msp-admin

„НЛБ Банка“: Остварен профит од 418,5 милиони денари, раст од 1,9 отсто во однос на периодот лани