СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Honda повлекува дури 761.000 возила

Јапонскиот производител на автомобили мора да повлече околу 761.000 возила Acura и Honda произведени од 2018 до 2020 година, поради проблеми со пумпите за гориво.

Тие ќе мора да бидат заменети, во спротивно можно e да се појават проблеми со моторот, соопшти компанијата.

Според списанието „ХАК ревија“, Хонда сè уште нема добиено извештаи за несреќи или повреди поврзани со дефект, па се чини дека нивната филозофија е подобро да се спречи, отколку да се лечи.

Повлекувањето се однесува на возилата Accord, Civic, CR-V, Fit, Pilot, Ridgeline, MDX, RDX и TLX.

Па така дури и најдобрите, односно најквалитетните, прават грешки, односно им се „протнуваат“ компоненти со грешки.

Поврзани вести

„Адмирал“ донираа медицинска опрема во вредност од 20.000 ЕВРА на Општата болница во Гостивар

msp-admin

Инвеститорите кои се обложуваа на пазарот загубија 91 милијарда долари во јануари

Влатко Зорба

Брилијантни резултати на Apple, дивидендата се зголеми