СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ефектите од Ковид пандемијата во фокусот на третата годишна конфернеција за е-трговија во Македонија

Предизвиците, можностите и ефектите од Kовид кризата кон бизнисите ќе бидат во фокусот на Третата годишна конференција за е-трговија во Македонија, која годинава ќе се одржи онлајн, на 25-ти и 26-ти ноември и е насловена: „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!“.
Традиционално, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, конференцијата ќе биде место каде мноштво истакнати странски и домашни говорници од различни сектори поврзани со е-трговијата, преку предавања, панел дискусии и неформални разговори, ќе ја пренесат својата експертиза и искуство од областа на е-трговијата, ставајќи го во фокус влијанието на пандемијата врз растот на е-трговијата.

– „Прилагодувајќи се целосно на состојбата предизвикана од КОВИД пандемијата и потребата на што повеќе бизниси да се префрлат кон онлајн продажба, оваа година конференцијата има за цел да го разоткрие и пренесе потенцијалот на е-трговијата, особено во време на глобална пандемија. Знаејќи дека промените се тешки, но неизбежни за раст и прогрес, со насловот „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“ ќе ги опфатиме најактуелните теми како: лекции од е-трговијата за време на ковид-19, адаптацијата на комуникациска стратегија во време на криза, подобрување на искуството на е-купувачите преку обезбедување на корисничка услуга, зголемување на онлајн безбедноста и можностите кои ги пружа меѓуграничната е-трговија. Овие теми ќе бидат разработени заедно со над 30 домашни и меѓународни говорници и експерти во своите полиња.” – велат од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Како што потенцираат организаторите, Третата годишна конференција за е-трговија претставува уникатна прилика да се добијат најдобрите совети од реномираните меѓународни и домашни експерти за раст и развој на бизнисот преку користење на придобивките на електронска трговија, како и збогатување на корисничкото искуство во периодот на глобалната пандемија.

За сите оние кои сакаат да ги надоградат своите познавања од областа на интернет продажбата, билетите за уникатниот онлајн настан по „Early Bird“ цена ќе бидат во продажба во следните 5 дена на официјалниот веб сајт – www.ecommerceconference.mk.

Инаку, минатата година конференцијата ги пресретна и надмина очекувањата на присутните посетители. Беа присутни над 450 учесници, од околу 150 компании, организации, универзитети и владини институции, а свои презентации имаа 30 говорници од 8 земји.

Поврзани вести

ПОРАДИ ОБЈАВА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Ирска започна истрага против Фејсбук

Влатко Зорба

„ПСА“ ги затвора фабриките поради ширењето на коронавирусот

msp-admin

Хрватска изгубила 5,12 милијарди евра од туризам само во еден дел од годината

Влатко Зорба