СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Иван Костиќ нов директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп

Иван Костиќ е новиот директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) ДОО Скопје, компанија која е резултат на стратешкото партнерство на тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнл (ФМИ) и Тутунски Kомбинат Прилеп (ТКП). Костиќ, кој доаѓа на местото на доскорешниот директор Михаел Солтер, веќе 13 години работи во филијалата на Филип Морис во Србија, а за директор на ФМТКП доаѓа од позицијата Директор за стратешко планирање и програми за Југоисточна Европа.

„Со голем ентузијазам го преземам раководството на ФМТКП, компанија што се издвојува на националниот пазар, со соодветна тежина во економијата на земјата и со историја што ме инспирира и мотивира. Искуството од 13 години во ФМИ ќе биде ставено во функција на визијата за раст и генерирање на вредност за групацијата, на нашиот стратешки партнер ТКП, но и за општеството во целина. Се потпирам на исклучителните успеси на мојот претходник кого исклучително го ценам и почитувам, но и на фактот дека ќе работам со силен тим од интелегентни, талентирани и добри луѓе”, изјави Костиќ.

ФМТКП е основана во 2014 година како резултат на Договорот за стратешко партнерство помеѓу ФМИ и ТКП според кој новата заедничка компанија стана одговорна за производство, дистрибуција и продажба на брендовите од заедничкото портфолио на домашниот пазар. Благодарение на партнерството со ФМИ и исполнувањето на строгите принципи и стандарди за квалитет, во Македонија денес се произведуваат меѓународните брендови Честерфилд и Марлборо. ФМТКП минатата година на македонскиот пазар го донесе и IQOS, иновативниот уред на ФМИ кој го загрева, наместо да го согорува тутунот.

Поврзани вести

Угостителите ќе работат до 21 часот, откако ќе се олабават мерките

Влатко Зорба

Trident Peak се пласираше меѓу 8-те најдобри стартапи од целиот свет на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели

Влатко Зорба

Со мерката ваучер систем се зголемува интересот за спонзорирање на компаниите во спортот

Влатко Зорба