СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Извештај за февруари: Раст на прометот и вкупниот број на трансакции на Македонска берза

Прометот остварен на Македонска берза во февруари достигна вредност од 1.390.563.281 денари, што претставува пораст од 170,48% во однос на јануари, покажува Месечниот статистички билтен на берзата.

Пазарната капитализација во текот на минатиот месец се позиционираше на 191.695.003.172 денари или 1,80% повеќе во однос на јануари. Пораст од 67,50% има кај вкупниот број на трансакции што во февруари беа 2.563 на број. Индексот МБИ10 минатиот месец го заврши со 5.006,57 поени или 2,25% одошто во јануари.

На официјалниот пазар беше реализиран промет од над милијарда денари со 2.503 трансакции или 72,21% учество во вкупниот промет. Вкупно 23 блок трансакции се реализирани во февруари чиј промет беше 386.106.937 денари или 27,77% учество во вкупниот промет, додека на редовниот пазар имаше само 10 трансакции и промет од 287.440 денари.

Поврзани вести

Координативно тело: Во тужбата против Стопанска Банка поднесена од 430 акционери се бара надомест на штета за неисплатена дивиденда

Влатко Зорба

Бесими: Извештајот на „Стандард и Пурс“ уште еден добар сигнал за стабилните политики во период на криза

Влатко Зорба

Бектеши: Наредната недела сите граѓани ќе бидат информирани како ќе добиваат државна помош