СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Како да одгледате финансиски писмени деца?

Денес, неопходно е да се пренесат знаења за парите на нашите деца пред да дојде време кога треба сами да управуваат со нив.

Родителите кои можат да си дозволат да им дадат на своите деца сè што им е потребно, ризикуваат да не ги научат како да се грижат за себе, вели Џанин Глиста, извршен директор на Biz Kid$.

Секој тинејџер треба да научи како да управува со пари. Па, зошто да не се започне порано кога ризиците се помалку? На рана возраст, децата можат да учат од своите грешки.

Според Глиста, вреди децата да стекнат разбирање за финансиските прашања, за да можат да имаат јасна претстава за вредноста на нештата. На пример, „ќе треба да работам девет часа, за да си дозволам нови слушалки“.

Оваа фраза, кажана од дете, е попозитивна отколку да ги земе од родители. Кога сами плаќате за работите, ги чувате подобро.

Еве неколку начини на кои родителите и возрасните можат да им помогнат на своите деца сами да научат како да управуваат со парите.

1. Разговарајте за пари

Глиста и нејзините родители не разговарале за пари сè додека не се пријавила за колеџ. Тогаш биле неопходно да се донесат сериозни одлуки. Таа имала 18 години и немала поим какви ќе бидат последиците од земањето студентски заем. Во слична ситуација се наоѓаат многу млади луѓе во странство. Кај нас, студентското кредитирање не е толку распространето.

– Ние, како страна и како возрасни, направивме премногу малку за да ги научиме децата што претставуваат парите, вели Бил Хардекоф, извршен директор на LowCards.com.

Тој е на мислење дека семејствата треба да започнат да зборуваат за пари за време на заедничките вечери во семејството. Кога? Од рана возраст.

– Дозволете им на децата да прават избор, при купување. Научете ги да штедат, вели Хардекоф.

2. Дозволете им да заработуваат пари

Според американската статистика, околу 34% од средношколците работат скратено работно време, најмногу до 20 часа неделно. Џанин Глиста забележала дека тинејџерите кои работат се повеќе заинтересирани да научат како да управуваат со своите пари кога самите ги заработуваат.

Покрај тоа што имаат професионална позадина, децата од оваа возраст учат да бидат точни, одговорни, да даваат конструктивни повратни информации и да преземаат иницијатива при решавање на проблеми

3. Избегнувајте задолжувања на кредитната картичка

– Ако кредитна картичка се користи неодговорно, таа е најлошиот финансиски инструмент, вели Хардекоф. Меѓутоа, ако ја користите вашата кредитна картичка одговорно и разумно да ги платите сметките за месецот, тоа е вредна финансиска алатка, посочува експертот.

Кога децата на Хардекоф, а тој ги има три, започнале да одат во средно училиште, тој им направил лични кредитни картички. Целта била да ги научи како тие функционираат. Децата ги користеле картичките цела година под строга родителска контрола.

Секој ден купувале работи како пица, гориво за својот автомобил, итн. Кога пристигна месечниот извештај, Хардекоф седел со своите деца и ја разгледувал секоја набавка. Секоја потрошена сума била веднаш покриена. Така, билансот бил обновен за да се избегнат повисоки каматни стапки.

Поврзани вести

Арсовска: Потребна е да се олесни пристапот до финансии и да се поддржат најзагрозените сектори

Зошто е потребно да се рециклира пластиката?

Влатко Зорба

МЗШВ: Согласно законот се спроведуваат јавните огласи за распределба на земјоделско земјиште