СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Капиталните инвестиции во 2020 е предвидено да ги надминат тие од 2019 и ќе бидат повисоки за 3,8 отсто

На вториот ден од расправата по Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година, која во Собранието почна завчера, попладнево пратениците од владејачкото мнозинство и од опозицијата полемизираа за тоа дали и колку е развоен предложениот буџет.

За опозиционерите тој е мегаломански и популистички, политички поткуп пред избори, неразвоен и со капитални инвестиции на ниско ниво. Обвинија дека никогаш немало помалку инвестиции, поголемо загадување и иселување и дека државата е за една милијарда денари задолжена во две и пол години.

Според пратениците од власта, пак, раст е предвиден во сите области. Капиталните инвестиции во 2020 е предвидено да ги надминат тие од 2019 и ќе бидат повисоки за 3,8 отсто,  за плати во споредба со лани се планирани повеќе од седум проценти, а приоритет се социјалните трансфери каде што исто така ќе има зголемување.

Приходите во Предлог-буџетот за 2020 година се проектирани на 3.615.000.000 евра, а расходите 3.898.000.000 евра. Буџетскиот дефицит за 2020 година е предвиден на ниво од 2,3 отсто од БДП, што е пониско од нивото во 2019 година кога изнесуваше 2,5 проценти, согласно со Фискалната стратегија 2020-2022, како и препораките на меѓународните организации. Дефицитот е намален и во апсолутно ниво за 160 милиони денари, и изнесува 17 милијарди 385 милиони денари. Во фокусот на буџетската каса за наредната година, како што образложи министерката Нина Ангеловска, е човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор.

Седницата за  Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година во Собранието ќе продолжи утре во 11 часот.

Поврзани вести

Димковски го образложи буџетот за 2020-та: Наша цел е да создадеме модерно и конкурентно земјоделско производство

Влатко Зорба

Бектеши: Парите предвидени за изградба на карго –аеродромот во Штип ќе се пренаменат за изградба на училишта и градинки

Берта Китинска

Бошковска Јанковски: Податоците од Регистарот на вистински сопственици ќе отворат нова слика за македонското стопанство

Влатко Зорба