СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

КАРГОМАКС доби тендер од над 3,2 милиони евра за набавка возила за ЈП Комунална хигиена Скопје

Друштво за трговија и посредување КАРГОМАКС ДООЕЛ Миладиновци Илинден го доби тендерот вреден 200,010,000 денари или 3,252,195 евра за набавка на Специјални комунални возила и останати возила (кипер, цистерни, метлачки), вели документацијата на Електронскиот систем за јавни набавки.

Највисоката добиена понуда е 61.200.000,00, додека најниската – 5.000.000,00 денари.

Во описот на делот за набавка се бара:

1. Специјално комунално возило за собирање и транспортирање на комунален отпад од садови за отпад од 1,1 и 5м3-комбинирка со капацитет на надградба до 20м3

2. Специјално комунално возило за собирање и транспортирање на комунален отпад од садови за отпад од 120 литри и 1,1м3-комбинирка со капацитет на надградба до 16м3

3. Специјално комунално возило за собирање и транспортирање на комунален отпад од садови за отпад со капацитет на надградба до 5м3

4. Специјално комунално возило за собирање и транспортирање на комунален отпад од садови за отпад со капацитет на надградба до 1,5м3

5. Самоподигнувачи – носивост до 7 тони

6. Товарно моторно возило кипер со капацитет на товарниот сандак до 16м3

7. Цистерни до 10м3

Поврзани вести

„Луфтханза“ го продаде европскиот кетеринг бизнис вреден повеќе од милијарда евра

НУК со иницијатива за промена, исправка и дополнување на шифри на дејност за пријава на финансиска поддршка од 6-тиот сет мерки

Бектеши: Туристичките агенции ќе ги изгубат лиценците за работа доколку не им помогнеме директно