СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Рено крати 15.000 работни места

Рено ќе скрати 15.000 работни места ширум светот, како дел од планот за намалување на трошоците во висина од 2 милијарди евра, како резултат на падот на продажбата предизвикана од пандемијата од коронавирус, пренесува британскиот јавен сервис Би-Би-Си.

„Овој план е суштински“, рече извршниот директор Клотилд Делбо, кој исто така најави намалување на производството за компанијата да може да се фокусира на попрофитабилни модели на автомобили.

Во Франција ќе бидат намалени приближно 4.600 работни места, а компанијата денес објави дека започнала разговори со синдикатите по тоа прашање. Рено се надева дека овој план ќе се реализира без отпуштања, преку програма на доброволно заминувања, преместување на вработените во компанијата и преквалификација.

Стратешкиот партнер на Рено, јапонски Нисан, исто така, вчера најави големо намалување на бројот на вработените.

Рено, во кој француската држава има сопственост од 15 проценти, рече дека размислува за намалување на работната сила на шест локации.

Компанијата додаде дека, исто така, ќе ги намали трошоците со намалување на бројот на подизведувачи во области како што се инженеринг, намалување на бројот на компоненти што ги користи, замрзнување планови за проширување во Романија и Мароко и намалување на производството на менувачи ширум светот.

Рено планира да го намали глобалниот производствен капацитет на 3,3 милиони возила од сегашните 4 милиони до 2024 година и да се фокусира на области како што е производство на мали комбиња или електрични автомобили, пренесува Би-Би-Си.

Поврзани вести

„Хуавеи“ задоволни од позицијата на македонскиот пазар, но оставаат можност за проширување на инвестициите

msp-admin

Поради големиот пад на резервации, Booking отпушта повеќе од 4.000 лица

msp-admin

Македонски пошти – неуспешна приказна од која сите мијат раце

msp-admin