СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Кризата од коронавирусот ќе им предизвика на авиокомпаниите  рекордна годишна загуба од 84 милијарди долари

Кризата предизвикана од новиот коронавирус ќе им предизвика на авиокомпаниите  рекордна годишна загуба од 84 милијарди долари и ќе биде запаметена 2020 година како „најлоша година во историјата на авијациската индустрија“, соопшти Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (ИАТА).

„Финансиски, ќе се сеќаваме на 2020 година како најлоша година во историјата на авијациската индустрија“, рече извршниот директор на ИАТА, Александар де Јуниак.

Сепак, тие очекуваат воздушниот патнички сообраќај да порасне за 55 проценти следната година, од депресивно ниво оваа година, но сепак ќе биде за 29 проценти под нивото од 2019 година.

Во својата ажурирана проценка, здружението предвидува дека авијацискиот сектор ќе продолжи да бележи загуба од најмалку 15,8 милијарди американски долари во 2021 година. Така, вкупните загуби како резултат на кризата поради короната ќе достигнат близу 100 милијарди долари.

Поврзани вести

MEMO стана член на европската асоцијацијата на европски берзи на електрична енергија

С.Македонија најдобра во регионот според Индексот на економски слободи на „Херитиџ“

Влатко Зорба

Берза го објави месечниот билтен: Пад на вкупниот промет и бројот на трансакции (инфографик)

Влатко Зорба