СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Лукаревска: #МојДДВ ги покажува добрите резултати во и надвор нашата држава

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска оствари средба со директорката на даночната администрација на Република Албанија, Делина Ибрахимај.

На средбата биле пренесени искуствата за проектот #MojДДВ.

Според Лукаревска, може да се заклучи дека Албанија  е сериозно заинтересирана за воведување на иста ваква реформа, па затоа нејзините албански колеги имаа можност одблиску да се запознаат со начинот на функционирање на МојДДВ и целиот оперативен систем.

Со ова, Лукаревска нагласува дека МојДДВ ги докажува добрите резултати во и надвор од нашата држава.

Поврзани вести

Бесими-Сахакјан: Подобар систем на јавни финансии и помалку сива економија

Александар Петровски

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на С. Македонија на „ББ +“

Преку проектот МСИП реализирани 99 проценти од капиталните инвестиции во 32 општини

Влатко Зорба