СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Меѓународните резерви на Русија зголемени за една милијарда долари

Меѓународните резерви на Русија во периодот од 13 до 20 ноември 2020 година се зголемија за 0,2 проценти (или една милијарда долари) и изнесуваат 584,9 милијарди долари, објави Руската централна банка.

Според извештајот на банката, растот се случил „главно под влијание на позитивна ревалоризација на девизниот курс“.

Меѓународните резерви се состојат од високо ликвидни странски средства со кои располагаат Централната банка и Владата на Русија – од странски валути до монетарно злато.

Целната сума за меѓународните резерви на Централната банка на Русија е 500 милијарди долари.

Поврзани вести

Влада: Граѓаните можат да ја користат поддршката од 6.000 денари без рокови и ограничувања

Берта Китинска

Бајдевски: Со усвојувањето на Белградската декларација ќе се постигне зголемена соработка на полето на иновациите

msp-admin

Дефицитот на САД ќе се зголеми за четири пати и може да достигне 3,8 трилиони долари во 2020 година