СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

#МојаНаграда: Доделени се 640 награди во вкупен износ од 9,1 милиони денари

Првите два месеца од приредувањето, наградната игра МојДДВ #МојаНаграда дава одлични резултати. Доделени се 640 награди во вкупен износ од 9,1 милиони денари. Во играта уествуваат 190 илјади корисници, а дневниот просек на скенирани сметки пред и после почетокот на #МојаНаграда е удвоен, соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).

Во просек, од пуштањето во употреба на МојДДВ апликацијата до 15 декември – почетокот на наградната игра, просечниот број на дневно скенирани сметки изнесувал 266 илјади сметки. По отпочнувањето на наградната игра, односно од 15 декември до 12 февруари дневниот просек се удвојува и изнесува 518 илјади сметки. Бројот на дневно скенирани сметки продолжува да расте и во првата половина од февруари и изнесува над 600.000 во просек дневно.

Според Министерството, дури третина од корисниците на #МојаНаграда во периодот од 15 декември до 15 февруари скенирале меѓу 101 и 200 сметки, додека околу 20 отсто скенирале од 201 до 4000 сметки.

-Ако пред наградната игра наплатениот ДДВ од скенирани сметки изнесувал 14,3 милиони денари дневно, сега тој е зголемен на 25,3 милиони денари дневно, или за раст од 77 отсто. Во текот на овие два месеци доделени се 610 дневни награди и тоа 244 награди од по 1.000 денари, 183 награди од по 2.000 и 183 награди од по 3.000 денари. Доделени се 30 награди од по 100.000 денари. До крајот на играта остануваат да се доделат уште 3.212 награди, од кои и две премии од по 3.000.000 денари. Првата премија ќе се извлекува на 18 март, наведува МФ.

Потсетува и дека министерката за финансии Нина Ангеловска, во повеќе наврати има посочно дека #МојаНаграда e надградување на успешната мерка МојДДВ за сузбивање на сивата економија и поттикнување на граѓаните да земаат фискална сметка.

Поврзани вести

Бектеши: Поддршка од 16 милиони евра ваучери, граѓаните ќе можат да ги искористат за домашните угостителски објекти

Третиот пакет економски мерки на СДСМ предвидува 500 милиони евра помош за граѓаните

ИЛИНДЕН АД Струга доби 625,730 евра за санација на свлечиште на делницата Лабуништа – Јабланица

Влатко Зорба