Продажните цени на производителите во ноември годинава, на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,1%, односно за 1,4% на годишно ниво, информираше денес, Државниот завод за статистика.
Споредени ноември и октомври годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи биле повисоки во групите „трајни производи за широка потрошувачка“ и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 0,6 проценти.
Исто така, податоците на ДЗС говорат дека во ноември годинава, во споредба со ноември минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите „енергија“ за 5,9 проценти, „трајни производи за широка потроошувачка“ за 4,7 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 1 процент.