СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

На земјите во развој ако продолжи кризата со пандемијата ќе им бидат потребни над 2,5 трилиони долари помош

На земјите во развој ако продолжи кризата со пандемијата ќе им бидат потребни над 2,5 трилиони долари помош, изјави главниот економист во Меѓународниот монетарен фонд, Гита Гопинат.

– Во март оценувме дека на земјите во развој ќе им биде потребна помош од околу 2,5 трилиони милијарди долари. Мислам дека ситуацијата се влоши. Како што изгледа кризата ќе треа подолго. Сумата од 2,5 трилиони милијарди се однесуваше ако кризата биде надмината до крајот на 2020 година. Но, стравувам дека финансиските потреби ќе се зголемат и значително ќе ја надминат таа бројка, посои Гопинат.

Во март шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева изјави дека на земјите во развој ќе им бидат потребни 2,5 трилиони милијарди долари помош за борба против новиот коронавирус, но оти нема да бидат доволни внатрешните резерви и кредитирањето на внатрешниот пазар и затоа е нужно потребна помош од ММФ.

Поврзани вести

Бројот на вработени во јавниот сектор намален за 1.717 лица

Влатко Зорба

Битиќи: Постигнувањето на целите за одржлив развој ќе придонесат за повисок квалитет на живот и подобар животен стандард

Влатко Зорба

Во Германија денеска стапува во сила новиот Закон со кој полесно ќе се вработуваат лица кои не се од ЕУ