СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Најбарани професии откако ќе заврши пандемијата

Во блиска иднина без работа нема да останат ИТ експертите и луѓето со средно образование, смета рускиот експерт, Роман Шкут.

Како што пренесува Спутник, на пазарот на труд најбарани ќе бидат ИТ експертите, додека правниците и економските ќе бидат потиснати од луѓето со средно образование – бравари и водоинсталатери.

Според него, пандемијата може да доведе до формирање и на нови професии.

„На пример, во областа на безбедноста на храна. Ќе бидат потребни не само агрономи, туку и експерти кои ќе можат да предвидат колкави ќе бидат приносите“, рекол Шкут.

Според него, луѓето би можеле да ја искористат актуелната состојба, да не излегуваат од своите домови и да се доусовршат преку интернет.

Поврзани вести

Вештачката интелигенција извор на моќ за доминација во светот

Stefanija Kuzmanovska

Арсовска: Владеењето на правото треба да е над политиката

Бектеши: За грешката со фотографијата се извинивме, симболиката беше да дадеме асоцијација за природни убавини