СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Најлошиот економски момент во модерната историја: Дефицитот во буџетот на САД надмина 3 трилиони долари

Поради масовната распределба на средствата од буџетот и послабата наплата на даноците, дефицитот во Соединетите држави достигна рекордни 3,1 трилиони долари оваа година, што е за три пати повеќе отколку во 2019 година.

Овој дефицит е повеќе од двапати поголем од кризата од 1,4 трилиони долари во 2009 година. Исто така, тоа зафаќа 15,2 проценти од БДП, што е највисок процент од Втората светска војна.

Проекцијата за дефицитот годинава беше до илјада милијарди (1 трилион) долари, но поради вирусот, затворањето на економијата, големите алокации од буџетот за помош на граѓаните и падот на даночните приходи, таа е многукратно поголема.

Во текот на оваа година, приходите паднаа за 1,2 проценти, а трошоците од буџетот се зголемија за 47,3 проценти, или 6,55 илјади милијарди долари – повеќето од нив беа за помош на компаниите и оние кои останаа без работа.

Околу 22 милиони Американци останаа без работа во март и април кога економијата заглави поради пандемија. Милиони луѓе се уште се во несигурна ситуација и очекуваат помош од владата.

Сепак, договор за исплата на федералните надоместоци за невработеност меѓу Конгресот и Белата куќа не е постигнат од крајот на јули, кога беше исплатена последната транша од помошта.

Поврзани вести

Ангелоска-Бежоска: Размената на искуства со европските колеги и стекнувањето нови знаења е постојана заложба на Народната банка

Влатко Зорба

Влада: Континуирано расте просечната плата, се забележуваат позитивни економски трендови

Влатко Зорба

КОВИД кризата донесе нееднаков третман за компаниите од различни сектори

Влатко Зорба