СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ажуриран списокот на кој може да проверите дали ви следува финансиска помош од државата

Ажурираниот список според кој граѓаните можат да проверат дали се наоѓаат на листата за добивање на финансиска помош од Владата во висина од 6000 денари, денеска беше објавен.

Проверката се врши по следнава насока: Внесете го вашиот ЕМБГ, селектирајте го полето „i’m not a robot“, и потоа кликнете на Пребарај.

На страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk се посочува дека дополнително ќе бидат објавени листите за филмските работници, естрадни уметници и самохраните родители.

Финансиската поддршка е наменета за граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, а од владата посочуваат дека помошта на загрозените категории граѓани нема да оди преку платежни картички туку директно на нивните трансакциски сметки и нема да биде временски ограничена.

Поврзани вести

КАРГОМАКС доби тендер од над 3,2 милиони евра за набавка возила за ЈП Комунална хигиена Скопје

Влатко Зорба

Гошев: Акционерите и менаџерите имаат вина за пропаѓањето на Еуростандард банка

Александар Петровски

БДП во последниот квартал лани со раст од 3.4 отсто

Влатко Зорба