СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Арсовска со нов мандат во Глобалниот комитет на жени лидери

Глобалниот комитет на жени лидери ги објави новите членови на бордот. За претседател е избрана Колинда Грабар-Китарович, поранешен претседател на Хрватска, додека Свати Мандела, внуката на Нелсон Мандела – име кое претставува одраз на лидерството во 21 век продолжува со нов мандат како член.

Глобалниот комитет е составен од уште 11 светски познати членови и на едно место ги собира дел од највлијателните жени лидери во светот, со цел да ги адресираат предизвиците на денешницата, да поттикнат соработка и да генерираат нови идеи.

Во бордот повторно има Македонка, доверба за нов мандат доби Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска. Арсовска пред две година стапи на највисоката позиција во раководството на World Chambers Federation, која раководи со стопанските комори од целиот свет, информација која одекна глобално со оглед на фактот што само 4 жени во светот се носители на таа функција.

„Новиот мандат во Глобалниот комитет на жени лидери е гордост лично, но и професионално бидејќи верувам сега е видно дека можеме заедно да промениме многу и да придонесеме за општо добро. Искористување на колективното знаење, вклучување во критични теми и генерирање иновативни решенија ќе бидат дел од заедничките напори да се придонесе за постпандемично економско закрепнување на светот. Нашите напори сепак не можат да резултираат со успех доколку не се послушаат препораките. Со деловниот сегмент на лидерите од групата земји на Г20 работевме на препораки за политики кои е потребно да се имплементираат, но истото треба да го сторат и помалку развиените земји. Да ги стават во функција знаењата кои можат да придонесат до побрзо економско закрепнување.” , изјави Арсовска

Колинда Грабар Китаровиќ на назначувањето истакна дека жените долги години се борат за своето заслужено место во глобалните економски текови, но сепак кога ќе се погледнат бројките особено во корпоративниот свет, жените се малубројни.

„Жените е потребно економски да се зајакнат. Постигнуваат чуда на многу полиња, но сепак не се изборени за еднакви можности во сите делови на светот. Жените се неискористен извор на енергија, промотори на мир и безбедност и поттикнувачи на социјален и економски развој. Нивното учество во креирање политики е круцијално за развојот на добро управување и демократијата. Позитивниот придонес на жените за одржлив развој е незаменлив, кога им се овозможува еднаков пристап до ресурси и можности, за што е потребно да се вклучени во процесите на носење одлуки. “, истакна Грабар-Китаровиќ.

Други интернационално добро познати имиња во бордот се Марта Делгадо заменик министер за надворешни работи на Мексико, како и Мари-Кристин Огли, претседателот на Светската асоцијација на жени претприемачи.

Глобалниот комитет на жени лидери е посветен на искористување на уникатниот пристап на влијателни жени лидери во светот, креатори на политики, претприемачи и уметници – обединувајќи ги своите знаења со цел да генерираат иновативни решенија cо цел придонес кон зајакнување на светската економија.

Поврзани вести

Нов механизам за поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија во земјава

Бектеши: Февруари е клучен за петтиот пакет мерки, за дел е неопходно и донесување законски решенија од Собранието

Влатко Зорба

Од први јануари, за возила до 10.000 евра вредност, износот на данок ќе се пресметува само според емисијата на ЦО2