СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Премиерот Заев во посета на „Свислион“: Ова е една од многуте успешни економски приказни

Премиерот, Зоран Заев заедно со градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, беа во посета на фабриката „Свислион“ во Ресен.

Заев посочи дека нему му е особено драго кога е во посета на успешни економски приказни, како што е фабриката „Свислион“, тука во Ресен.

„Успесите на компаниите се наша радост и драго ми е што посетив една наша успешна приказна – фабриката „Свислион“ во Ресен.
Оваа фабрика денес има 292 вработени во Ресен, а на ниво на цела држава вкупно 600 работници. Со раководството ја делиме желбата за зголемување на бројот на работни места и желбата да го заживееме повторно преспанскиот регион, кој има голем туристички потенцијал, и да го вратиме стариот сјај.
Брендирањето на производите кои Ресен и Преспа ги нудат, афирмацијата на нашиот, но и на странските пазари, придонесува кон развој на преспанскиот регион и негова препознатливост во светот“, вели Заев во својата објава на фејсбук.

Менаџментот на „Свислион“ пак, го информирал премиерот дека во наредниот период се предвидени и поинтензивни инвестиции во земјоделската дејност на компанијата, во висина од околу 2.700.000 евра.

„Фокусот на овие инвестиции е на реконструкција и опремување на ладилник, за набавка на комплетна линија за класирање и пакување на свежо овошје, за системи против замрзнување, градобијни мрежи и опрема за сушено овошје. Со тоа ќе се постигне уште поголема ефикасност на капацитетите на фабриката, а овоштарите ќе добијат уште подоверлив и сигурен партнер во оваа компанија“, пренесува владината прес служба.

Поврзани вести

Битиќи на дискусија во организација на Албиз фондацијата: Човечкиот капитал е најзначајниот ресурс на државата

Бектеши: Поддршка од 16 милиони евра ваучери, граѓаните ќе можат да ги искористат за домашните угостителски објекти

Комора на сметководители: Итна неодложна измена на роковите за поднесување на завршни сметки

Влатко Зорба