СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Намалени увозните цени на горивата во август

Увозните цени на горивата од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во август годинава се пониски за 3,7 отсто на месечно ниво и за 10,7 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, цената на моторните бензини е намалена за 7,4 отсто на месечно ниво, додека на годишно ниво бележи зголемување од 17,9 отсто.  Кај дизел горивата има намалување од 2,0 отсто на месечно ниво и зголемување од 6,2 отсто на годишно ниво.

За разлика од нив, кај автоплинот, односно ТНГ горивото има намалување на цената и на месечно и на годишно ниво. На месечно ниво цената е намалена за 7,3 отсто, а на годишно за 12,9 отсто.

Како што информира Државниот завод за статистика, цените од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Поврзани вести

ССМ и КСС: Исклучително важен е заедничкиот настап при подготовка на новиот Закон за работни односи

Влатко Зорба

Николовски: Ги трансформираме институциите во вистински сервис за граѓаните

Влатко Зорба

Доларот зајакна, инвеститорите очекуваат да трае неизвесноста

Stefanija Kuzmanovska