СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Граѓаните кои на 12 август платиле сметки преку Еуростандард банка, да не плаќаат исти сметки одново

По известувањето од Основниот граѓански суд Скопје дека е усвоен предлогот за отворање на стечајна постапка над „Еуростандард банка” АД Скопје и дека е определен стечаен управник, Народната банка ја известува јавноста дека штитејќи го интересот на депонентите и доверителите, активно ги презема сите активности коишто во периодот до отпочнување на стечајната постапка се нејзина законска надлежност. Заштитен е имотот на Банката, во функција на обезбедување дел од предусловите за спроведување ефикасна и брза стечајна постапка во рамки на која треба да се наплатат побарувањата на доверителите и дел од депонентите.

Ги известуваме граѓаните коишто на 12 август 2020 година извршиле готовински и безготовински трансакции преку „Еуростандард банка” АД Скопје за плаќање на сметки (струја, вода и др. давачки), вклучително и преку уплати во АД „Пошта на Македонија” дека трансакциите ќе бидат реализирани во наредните неколку дена и нема потреба граѓаните да ги плаќаат истите сметки одново.

Тимот на Народната банка е максимално посветен и за да придонесе за што побрзо завршување на сите административни процедури поврзани со исплатата на обесштетувањето на депозитите на граѓаните од страна на Фондот за осигурување на депозити.

Поврзани вести

Бислимоски: Буџетот на РКЕ да се намали за 8%, непредвидените расходи се анулирани во целост

Влатко Зорба

Работниците кои ќе останат без работа поради кризата ќе добиваат надомест од државата

Еуромакс ќе ја обжали повторената одлука на Државната комисија и непочитувањето на пресудата на Управниот суд

Влатко Зорба