СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Вкупните депозити бележат годишен раст од 5,2 проценти

Вкупните депозити во Република Северна Македонија бележат годишен раст од 5,2 проценти. Со изземање на податоците за „Еуростандард банка“ АД Скопје – во стечај, вкупните депозити бележат месечен и годишен раст од 0,5 и 6,9 отсто соодветно, соопшти Народната банка.

При раст на депозитите и на домаќинствата и на компаниите, поизразен е кај секторот „домаќинства“.

Вкупните кредити бележат годишен раст од 6,9 проценти, како резултат на кредитирањето кај двата сектора. Со изземање на податоците за „Еуростандард банка“ АД Скопје – во стечај, вкупните кредити бележат месечен и годишен раст од 0,3 и 8,8 отсто, соодветно, информираат од НБРСМ.

Поврзани вести

Поради стечајот на Еуростандард банка од денеска АД „Пошта“ не може да ги обезбеди финансиските услуги

Берта Китинска

Бескаматни кредити за компании за најпогодените сектори, најави Наумов

Тутунарите со нов протест покажаа дека остануваат на своите ставови и барања

Ангела Веселиновска