СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Николовски: Во вторник ќе се соопштат информациите за увозот на течни горива

Се прави детална анализа за активностите за да се има целосен увид и достапни информации.  Во текот на утрешниот ден ќе се анализираат сите информации во врска со истрагата за увозот на течни горива, а наредниот ден ќе излеземе со информација за јавноста, рече вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски.

-На владина седница се донесоа насоки кои беа дадени на институции, а пред некој ден имаше вонредна владина седница на која се побараа дополнителни информации. Утре ќе има координативен состанок со министерот за економија и државните институции, во вторник ќе се излезе со повеќе информации, истакна Николовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Според вицепремиерот, контроли се направени кај сите фирми кои увезуваат мазут и најави дека секаде каде што има прекршок ќе има одговорност.

Поврзани вести

АЕТМ: Продолжувањето на интернет игрите на среќа е важно за Буџетот, но и за развојот на е-трговијата

Ангела Веселиновска

ММФ: Од суштинска важност е да се зачува независноста на Народната банка

Влатко Зорба

ОПЕК+: Нафтената војна е завршена, но поради коронавирусот бензините остануваат ефтини