СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Никотинот не е примарниот причинител за болести поврзани со пушењето

Никотинот претставува природен алкалоид кој се наоѓа во тутунот и е главната причина зошто луѓето пушат, покрај ритуалот и вкусот. Но, дали никотинот е главна причина за заболувањата кои се појавуваат како резултат на пушењето?

Чадот од жарот на цигарите, добиен со нецелосно согорување на целулозата, кој го вовлекува пушачот во градите, содржи опасни состојки за човековото здравје како бензоапирен, бензен, специфични нитросамини, јаглерод моноксид, како и повеќе од 4.000 други супстанци, од кои за над 200 е докажано дека се токсични. Повеќето од непушачите кои се изложени на чадот од цигарите, исто така, ги консумираат овие токсични хемикалии бидејќи го вдишуваат чадот додека согорува цигарата, но и го вдишуваат чадот кој го издишуваат пушачите.

И додека, заради другите супстанци кои ги има во чадот, цигарите претставуваат сериозен ризик за заболување од голем број кардиоваскуларни и други видови незаразни заболувања, од 1999 година, откако на тоа се посветува посебно внимание, во ниедна студија не се пронајдени епидемиолошки наоди дека никотинот сам по себе ги предизвикува овие болести. Во рамки на студијата објавена во 2013 година од страна на Националниот институт за јавно здравје и нега на Велика Британија забележано е дека: „Никотинот што се вдишува од пушењето тутун создава зависност. Но, првенствено токсичните и карциногените состојки кои ги има во чадот од цигарите – а не никотинот – се тие кои предизвикуваат болест и смрт.” Студиите поврзани со испитувањето на болести кои настануваат од пушење покажуваат дека здравствениот ризик го предизвикува чадот од цигарите кој се создава при согорувањето на тутунот. Никотинот иако ја создава зависноста, тој е алкалоид кој сам по себе не е примарниот причинител за болестите поврзани со пушењето. Сепак, никотинот може да биде токсичен, но само доколку се конзумира во исклучителни големи количини.

Британскиот истражувач Мајкл Расел, во својата студија објавена во петтото издание на Британскиот магазин за зависност објавена во 1991 година, укажува дека доколку луѓето не сакаат да престанат со пушење, штетата од цигарите би можела да се намали со промена на начинот на кој никотинот се внесува во организмот. Идејата на Расел, која добива сè повеќе следбеници, е дека со развојот на новите технологии луѓето можат да продолжат да уживаат во никотинот, но на помалку штетен начин за себе и за околината.

Со оваа идеја се водеше и тутунскиот гигант Филип Морис која 10 години работеше на создавање производ со чие користење нема да има согорување на тутун. Резултатот на тоа е IQOS, уред кој сам по себе е револуционерен, кој тутунот го загрева, но не го гори, и на тој начин го елиминира процесот на согорување односно создавањето на чад, а го овозможува потребното и бараното искуство и ритуал за возрасните пушачи. Најголемата компанија во тутунската индустрија при развојот на овие производи препознава дека главната причина зошто луѓето пушат е никотинот и со цел пушачите да можат и да сакаат да се префрлат на алтернативи на пушење без чад истите мора да ослободуваат и никотин.

„Иако откажувањето од пушењето е најдобра опција за пушачите, преминувањето на уреди со кои се загрева тутунот е подобра опција отколку продолжувањето на пушењето. IQOS драматично го намалува внесувањето штетни материи, а биолошките маркери ги поместува во истата насока во која тие се движат кај луѓето што ги оставаат цигарите“, вели д-р Кристиел Хазиза, шеф на клинички студии во научниот центар на Филип Морис The Cube во Швајцарија (https://www.pmiscience.com/).

Научно е докажано дека користењето на IQOS ослободува околу 95% помалку штетни состојки споредено со цигарите и тоа го прави подобар избор за возрасните пушачи кои инаку не сакаат да се откажат од пушење.

Постои разлика и меѓу IQOS и електронските цигари, и тоа суштинска, бидејќи IQOS користи вистински тутун, а електронските цигари не користат тутун туку загреваат течност во која има никотин. За разлика од електронските цигари за кои американската Управа за храна и лекови (ФДА) утврди дека постои недостиг на стандардизација и контрола на квалитетот меѓу повеќе од 250 видови вакви производи кои се продаваат во САД, IQOS по ригорозни прегледи базирани на целосна научна документација, од ФДА доби одобрение за продажба. Управата потврди дека со загревањето на тутунот се ослободуваат пониско ниво на токсини споредено со обичните цигари.

Поврзани вести

Министерство за економија: Има доволно резерви на пченица, нема неконтролиран извоз во Косово

Ангеловска: Предвидени највисоки средства досега за столбовите на човечки капитал – образованието, здравството и социјалната грижа

Влатко Зорба

Угостителите единствени: Денеска ќе пуштаат музика ако не ги отворат локалите