СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Нова функционалност на е-ПДД за „Мој ДДВ“

Управата за јавни приходи соопшти дека на електронската платформа е-ПДД постави нова функционалност за граѓаните кои скенираат фискални сметки преку апликацијата мој ДДВ.

Секој граѓанин со најава на својот профил на е-ПДД , има можност во новото прозорче „МОЈ ДДВ – До каде е исплатата на повратот“ да изврши увид во состојбата за исплата на парични средства по основ на МојДДВ.

Преку оваа нова функционалност граѓанинот може да се информира за тоа дали му е вратен дел од ДДВ за соодветното тримесечје, односно кога е извршена исплатата, дали трансакциската сметка е погрешно внесена (внесената сметка не е лично негова / внесен е број на платежна картичка), како да ја коригира погрешно внесената трансакциска сметка за да се реализира исплатата.

Управата за јавни приходи продолжува со поедноставување и автоматизирање на процесите, во насока на обезбедување на високо ниво на услугите за граѓаните, се вели во соопштението на УЈП.

Поврзани вести

Граѓаните месецов ќе добијат поврат на ДДВ од 5,4 милиони евра

Берта Китинска

Македонка меѓу 100-те највлијателни жени во социјално претприемништво во Европа

Влатко Зорба

Италијански план: Како да се „лансира“ проблематичната економија

Stefanija Kuzmanovska