СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Обештетувањето на депозитите од Еуростандард банка ќе биде еднократно, датумот на исплата познат во следните денови

Фондот за осигурување на депозити информира дека обештетувањето на депозитите до 30.000 евра за физичките лица во „Еуростандард банка“ ќе се исплаќа еднократно, а ќе биде достапно од денот кога ќе почне исплатата.

Депонентот за обештетување ќе има на располагање 36 месеци, односно три години од денот на почеток на исплатата. По истекот на овој период, депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат правото на обесштетување, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити.

– Веќе се подготвува распределбата на депонентите по банки-исплатувачи и се изготвуваат потврдите за депозит, со цел процесот на исплатата на обесштетувањето да се одвива максимално ефикасно и едноставно. Во текот на следните денови ќе биде соопштен датумот на којшто ќе започне исплатата, велат од Фондот за осигурување на депозити.

Поврзани вести

Како Кина може да го порази САД во трговската војна?

Заев: Просечна откупна цена на Вранецот од 15 денари и на Смедеревка од 13 денари

Александар Петровски

Исплатени 255 милиони денари субвенции за градинарски култури

Stefanija Kuzmanovska