СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Oбложувалниците бараат да се продолжи рокот на уредбата за онлајн-обложување

Од Асоцијација на спортски обложувалници реагираат дека утре истекува рокот на уредбата со која што на приредувачите на игри на среќа шест месеци имаа дадена можност од Владата да организираат онлајн-обложување во текот на корона-кризата.

-Со уредбата се гасат сервисите, а државата ризикува да изгуби стотици милиони денари.Бидејќи нема подзаконски акти во постојаниот закон не може никој да организира интернет обложување.Играчите полека стекнуваат навика да се обратат кај домашните лиценцирани приредувачи на интернет игри на среќа. Ако не се најде решение, ќе ја загубиме довербата кај играчите ќр ги вратиме на странските сајтови каде ќе изгубиме до 50 милиони евра. Со носењето на уредбата пред шест месеци во меѓувреме од наша страна се направени инвестиции во софтвер, хардвер, маркетинг и човечки ресурси. Барам влдата да ја имплементира уредбата за да се продолжи. Заради тоа до Владата и до Министерството за финансии испратено е предлог-решение за имплементација во законот, за кое приредувачите на игри на среќа бараат итно да се донесе, изајви рече Васко Илијевски, претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници.

Поврзани вести

Премиерот Заев: Изградбата на сточарска фарма во Прилеп ќе придонесе во развојот на сточарството

Бочварски: За пругата од Куманово до Бугарија треба да се изградат над 90 мостови и 32 тунели

Влатко Зорба

Можна соработка со Турција во областа на земјоделството

msp-admin