СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

Официјално одобрено спојувањето на Фиат и Пежо: Новата марка на автомобили е Стелантис

„Фиат Крајслер“ и францускиот „Пежо-Цитроен“ завчера добија „зелено светло“ од Комисијата на ЕУ за заштита на конкуренцијата за спојување вредно 38 милијарди долари, со што ќе се создаде четвртиот најголем производител на автомобили во светот.

Одлуката е донесена откако Фиат и ПСА се согласија да ја зајакнат соработката со јапонскиот ривал, „Toyota Motor Company“, пренесува „CNBC“.

Двајцата производители на возила минатата година одлучија да ги здружат силите за полесно надминување на двојните предизвици во автомобилската индустрија, како што се финансирање технологии за производство на почисти возила и пазарна криза предизвикана од глобалната пандемија.

Европската комисија објави дека ПСА ќе го прошири договорот со Тојота за мини комбиња, зголемување на капацитетот за овие возила на јапонската компанија и намалување на цената за нивниот транспорт, како и за транспорт на резервни делови и додатоци, што ја елиминира загриженоста во врска со конкуренцијата на пазарот во ЕУ.

„Еднаквиот пристап до конкурентен пазар за мали комерцијални комбиња е важен за многу самовработени и мали и средни претпријатија низ цела Европа“, се вели во изјавата на европската комесарка за конкуренција, Маргрет Вестагер

Фиат и ПСА исто така ќе им овозможат на ривалите пристап до нивните услуги за поправка и одржување на мини комби, за да им помогнат на новите учесници да се прошират на пазарот, додаваат од Европската комисија.

Заедничката компанија Фиат и ПСА, која ќе се вика „Стелантис“, ќе ги поседува брендовите Фиат, Џип, Доџ, Рам и Масерати, како и Пежо, Опел и ДС.

Двете компании најавија дека на 4 јануари ќе имаат одвоени состаноци на акционери, на кои треба да се одобри трансакцијата, и дека спојувањето се очекува да заврши до крајот на првиот квартал од 2021 година.

Контролорен акционер во ФЦС е „Ексор“, холдинг-компанија на италијанското семејство Ањели, додека главни инвеститори на „Пежо-Цитроен“, се семејството Пежо“, француската влада и кинескиот Донгфенг.

Поврзани вести

Агенција на ОН бара на најсиромашните да им се отпише долг од трилион долари

msp-admin

Кинеските конкуренти на Tesla ја зголемија продажбата во 2020 година

Влатко Зорба

„Банкар“: Инфраструктурата ги попречува врските на Бугарија со С. Македонија

Влатко Зорба