Стандард
КОМПАНИИ

Кубан не верува во биткоинот: Треба баба да знае да го користи за да има вредност

Биткоинот оваа година се зголеми за три пати, а милијардерот Марк Кубан останува претпазлив во однос на криптовалутата, како што беше години порано.

– Јас не го сменив моето мислење – рече Кубан, коментирајќи го скокот на биткоинот, десет дена пред оваа криптовалута да достигне рекордни вредности.

Биткоин е, рече Кубан, „залиха на вредност… што е повеќе верба отколку решение за било кој проблем“. И тој или која било криптовалута нема да ја замени валутата поддржана од владата, тврди тој.

– Без оглед колку фановите сакаат да се преправаат дека тоа е заштита од сценарио на судниот ден – не е – рече Кубан. – Државите ќе преземат чекори за заштита на нивните валути и нивната можност за оданочување, така што колку повеќе луѓе веруваат дека нешто е посериозно, толку е поголем ризикот од владина интервенција, смета тој.

Иако самиот Кубан претходно инвестираше во компании изградени на криптовалути, па дури и во биткоин, тој често предупредува дека „тоа е коцка“. И кога станува збор за коцкање, треба да бидете подготвени да изгубите пари.

Кубан претходно рече дека тој „повеќе би сакал да има банани, отколку биткоин“, бидејќи како храна, бананите имаат суштинска вредност.

Тој повтори нешто слично сега: „Биткоин е тоа што е, нешто што доволно луѓе се согласија е предност за инвестирање. Но, бананата има повеќе придобивки, калиумот е скапоцена хранлива материја за секоја личност на планетата“.

Вели дека биткоинот треба да биде доволно едноставен што „баба може да го користи“, за да има одредена вредност.

Поврзани вести

Голема глобална битка за контејнери, цените на превозот нагло растат

Влатко Зорба

Во Чешка платите се зголемија двојно побрзо отколку во Германија во последните 10 години

Берта Китинска

НБ може да ја продолжи одложената отплата на кредитите, ако има втор бран на кризата

msp-admin
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!