Стандард
ЕКОНОМИЈА

Оштетени штедачи на „Еуростандард“: Последната шанса да се исправи неправдата е пропуштена

„Уставниот Суд денеска заседаваше и одлучуваше по претходно поднесената иницијатива за оценка за уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки. Одлуката на Уставниот Суд е за жал негативна и е последниот клин на сандакот во кој се сместија Оштетените физички и правни лица од Еуростандард Банка“, соопшти Здружението на оштетени штедачи.

„Последната шанса на правен и цивилизиран начин да се исправи неправдата направена во целиот овој КРИМИНАЛ за жал е пропуштена и ќе служи како акт во историјата на правото каде моменталниот состав на судии на Уставниот Суд имале историска шанса да исправат неправда на моментални а и идни оштетени штедачи од овој КРИМИНАЛЕН банкарски систем. Резултатот од гласањето е 5 судии против, насрпоти 4 судии за, повеќе детали околу расправата ќе објавиме во наредните денови.

Денешниот текст би сакале да го посветиме на жртвите на овој КРИМИНАЛ со цел да во овие тешки моменти за нив се обидеме и да дадеме некоја надеж и поддршка и да им ставиме до знаење дека сепак има некој кој мисли на нив, бидејќи институциите комплетно заборавија на нив, почнувајќи од Владата, Премиерот, Финансиската полиција, МВР кој сеуште дозволува криминалците да се шетаат слободно, па се до Уставниот Суд како последен егзекутор. Единствена светла точка во целата ситуација е безрезервната поддршка што ја добиваме од медиумите на кои им сме бескрајно благодарни.

Би сакале да споделиме со јавноста дека до Здружението во текот на целиот ден пристигнуваат пораки од оштетените каде дел изјавуваат дека правдата ќе ја превземат во свои раце, дел од нив говорат дека јажето околу врат е единствен излез од овој грабеж врз нив и нивното достоинство кој продолжува, и воедно би сакале ние како Здружение да побараме помош од некого во државава како да одговориме на овие пораки и каква надеж да им дадеме на овие наши сограѓани. Едно е сигурно, дека ние како Здружение ќе продолжиме да делуваме и преку соопштенија до јавноста го расветлуваме овој КРИМИНАЛ направен врз нас, и покрај личните закани кои одредени членови ги добиваат по објавените текстови. Свои 5 минути ќе добијат сите инволвирани без оглед на која политичка, етничка или било каква група припаѓаат.

Вчерашната одлука на Уставниот Суд е една загубена битка во војната со банкарското лоби на чело со гувернерката на НБРСМ, истото тоа лоби кое изминатите денови силно лобираше и притискаше врз судиите од Уставниот Суд за да донесат одлука со која нивниот профит нема да биде загрозен. И покрај нашиот повик до судиите да се апстрахираат од политички влијанија бидејќи политиката не значи владеење на правото туку протежирање на политичка агенда која неретко штити интереси на одредени политички или други елити и најчесто не е во корелација со правната држава, ниту со заштита на правата на граѓаните. Наместо тоа, политиката се обидува да ја искористи правната држава како алатка за интересите на елитите, протежирање на политичките агенди во интерес на елитите или во случајов банкарското лоби на чело со гувернерката, наспроти интересот на граѓаните.

За жал принудени сме да оваа наша голгота ја споделиме со меѓународните институции и тоа во момент кога оценките од истите тие институции за нивото на корупција во општеството се и те како неповолни особено за држава која претендира да стане членка на унија на држави каде ваков КРИМИНАЛ не само што не проаѓа неказнето, туку и се решава во најбрз можен начин во интерес на штедачите кои се темел на банкарскиот систем“, додаваат оттаму.

Поврзани вести

G&O Waste Solution: Не третираме отпад, рециклираме пластика и ја извезуваме надвор од државата

Влатко Зорба

Битиќи: Во септември ќе биде донесен четвртиот пакет на економски мерки

“НЕОТЕЛ” СО НОВА ПРОМОЦИЈА за следење на сите спортските настани

Влатко Зорба
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!