СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Пензиите повисоки во просек за 185 денари, ќе се исплаќаат од 26 јануари

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според движењето на индексот на трошоците на животот ќе бидат повисоки и тоа најниските пензии за 134 денари, а просечната пензија ќе биде повисока за 185 денари и со нив ќе можат да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2021 година.

Пензиите за граѓаните кои не користат картички ќе бидат исплатени во четири групи според следниот распоред согласно висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.01.2021 година (вторник);

– За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплата да се изврши на 27.01.2021 година (среда);

– За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплата да се изврши на 28.01.2021 година (четврток), и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.01.2021 година (петок).

Поврзани вести

Витаминка со донации за лицата со посебни потреби

Берта Китинска

ЕИБ обезбеди 100 милиони евра поволни средства за малите и средни претпријатија

Влатко Зорба

Кучи: Не треба да гледаме црно на мерките кои беа донесени, но ја заборавивме битката со сивата економија

Влатко Зорба