СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Кучи: Не треба да гледаме црно на мерките кои беа донесени, но ја заборавивме битката со сивата економија

Во своето гостување во 24 анализа, бизнисменот Мендерс Кучи посочи дека и неформалните, мали компании треба да бидат дел од петтиот пакет мерки.

„Не треба да гледаме црно на сите мерки кои досега беа донесени. Но, почнувајќи од намерата и крајната цел беа однапред планирани. Но едно не треба да заборавиме, ја заборавивме тука битката со сивата економија. Ние требаше да им поддадеме рака на неформалните компании, имавме шанса и се уште ја имаме“, вели Кучи.

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, во своето гостување на ТВ 24, посочи каде треба да оди таргетот на новите дијалози, кои ќе помогнат за димензионирање на новиот пакет економски мерки.

„Соопштението кое утринава го дадовме, имавме информации по анкети дека голем дел од засегнатите страни имале негативен ефект од пакетите мерки кои беа реализирани досега. Најкритични се, оние кои постојано се соочуваат со рестриктивни мерки. Но, не треба да се занемарат ниту сите останати. Најголемиот дел од компаниите имаат пад на приходите до 30%, а да не ги заборавиме и останатите кои имаат целосни рестрикции кои одат од 80 или 100% пад на приходите. Затоа, стои барањето за сигурност која ќе гарантира континуитет“, посочи Арсовска.

Поврзани вести

Најголемата дебата на Вол Стрит во моментов: Купување биткоин наместо злато

Берта Китинска

Заев: Ќе има покачување на платите и нови работни места со Оперативниот план за вработување

Ажуриран списокот на кој може да проверите дали ви следува финансиска помош од државата

Влатко Зорба