СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Обезбедени 50 милиони евра за петтиот пакет мерки

Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата 24 анализа изјави дека за петтиот пакет мерки е обезбеден буџет од 50 милиони евра за 2021 година

„Имаме обезбедено 50 милиони евра и моментално ги дизајнираме мерките и тие ќе бидат таргетирани секторски каде имало поголемо влијание од Ковид-19 во делот на намалувањето на приходите на отпуштање на работници и тоа ќе го направиме заедно со Стопанските комори со сите засегнат страни. За кратко време ќе имаме состаноци и во склоп на владата имаме јавно-приватни состаноци каде се вклучени сите стопански комори“, рече Бектеши.

Потенцираше дека ќе ги собираат сите предлози кои доаѓаат во различни институции, вклучувајќи го и министерството за економија и на почетокот на февруари согласно плановите, ќе излезат со тие мерки за да се реализираат.

Поврзани вести

Бектеши: Ќе предложам нова одлука за посебни услови за трговија на одредени стоки

Оние кои не доставиле комплетно барање за финансиска поддршка, може тоа да го направат до 31 март

Влатко Зорба

Анѓушев: Добро е одложувањето на данокот на капитални добивки

msp-admin