СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Половните автомобили виновни за растот на инфлацијата во САД?

Инфлацијата во САД забележа солиден пораст во август, при што цените на половните автомобили скокнаа најмногу во последните повеќе од половина век.

Министерството за труд на САД денес објави дека индексот на потрошувачките цени се зголеми за 0,4 проценти минатиот месец, поттикнат, меѓу другото, и од зголемувањето на цените на бензинот, рекреацијата и мебелот за домаќинства, пренесува Ројтерс.

Инфлацијата во САД исто така забележа зголемување од 0,6 проценти во јуни и јули, по падот во претходните три месеци, бидејќи затворањето на компаниите чија цел беше сузбивање на ширењето на епидемијата Ковид-19 ја задуши побарувачката на потрошувачите.
Растот на потрошувачките цени во август беше 1,3 проценти на годишно ниво, во однос на 1,0 проценти во јули.

Основната инфлација, со исклучок на нестабилните цени на храната и енергијата, исто така се зголеми за 0,4 проценти минатиот месец, забавувајќи од 0,6 проценти во јули.

Цените на половните автомобили и камиони, со скок од 5,4 проценти, највисок од март 1969 година, придонесоа за пораст на основната инфлација во август за повеќе од 40 проценти.

Во споредба со август 2019 година, основната инфлација се зголеми минатиот месец на 1,7 проценти од 1,6 проценти во јули.

Цените на бензините се зголемија за 2,0 проценти во август, цените на храната се зголемија за 0,1 процент, рекреацијата 0,7 проценти, а мебелот и потребите за домаќинството се зголемија за 0,9 проценти. Цените на облеката исто така се зголемија за 0,6 проценти, трошоците за осигурување на моторни возила се зголемија за 0,5 проценти и цените на авионските билети за 1,2 проценти.

Поврзани вести

Влада: Фискалната политика имаше значително влијание кон ублажување на негативните последици на пандемијата врз доходот и потрошувачката

Влатко Зорба

Законот и Стратегијата за енергетика предвидуваат зголемено производство на електрична енергија од обновливи извори

Влатко Зорба

Вујчич именуван за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Влатко Зорба